Состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за одбрана ќе се одржи утре и задутре во седиштето на НАТО. На состанокот кој ќе биде со физичко присуство на министрите ќе претседава генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Денеска Столтенберг ќе одржи прес конференција во врска со она што ќе бидат главни теми на дводневниот министерски состанок. Шефот на НАТО вчера ги повтори повиците од Русија да го намали воениот притисок на украинската граница и „да го избере патот на дипломатијата“.
„Најдобар начин Русија да ја покаже својата подготвеност да најде мирно решение е да ја деескалира и да ги отстрани своите сили кои сега ѝ се закануваат на Украина и да го избере патот на дипломатијата“, рече тој.