За да бидете здрави, јадете многу овошје и зеленчук, редовно вежбајте и – престанете да лажете.
Половината од 110 испитаници имале задача да престанат да лажат на десет недели, додека другата половина биле во контролната група.
„Искрените“ подоцна забележале дека имаат главоболки, дека се помалку напнати и анксиозни отколку вообичаено.
Претходните истражувања покажуваат дека луѓето во просек изговараат 11 лаги неделно.
-Сметам дека лажењето предизвикува многу стресови меѓу луѓето. Искреноста, не само што е добра за врските, туку и за поединецот, рекол д-р Брајан Бруно, шеф на Одделението за психијатрија во болницата Ленокс хил во Њујорк.
На крајот на десетнеделната студија, некои учесници пронашле многу паметни начини да ја избегнат лагата.
Една од истражувачите, Анита Кели, професор по психологија, забележала дека некои сфатиле дека можат едноставно да ја кажат вистината, наместо да преувеличуваат, додека други на „скокотливи прашања“ одговарале со ново прашање, со цел со искреноста да не повредат некоја личност.
-Сметам дека и најситните лаги се проблематични. Целта е целосно да се ослободиме од нив.
Барем можеме да ги намалиме, вели Кели.