Македонската претставничка на Евровизија, Андреа Коевска на својот Инстаграм профил денеска повторно се извини по повод скандалозното фрлање на македонското знаме за време на Свеченото отворање на Евровизија.
„Сакам на сите уште еднаш со цела почит да ви се обрата. Навистина ми е жал за сето ова што се случува. Се извинувам на сите за непромислената и брза одлука, намерата не ми беше лоша. Напротив, со голема љубов и гордост го носам знамето овие денови“, пишува Коевска.
Таа додава дека самото тоа што е таму, е чест за неа.
„“Самото тоа што сум тука е чест за мене да ја претставувам Македонија и тоа навистина сакам да го направам со достоинство. Многу сум благодарна што сум тука во Торино и што со гордост ја преставувам нашата земја. Се извинувам уште еднаш од се срце, а македонското знаме ќе продолжам да го веам гордо како до сега, така и во наредните денови“, порача македонската претставничка на Евровизија.