Претставници на Бразилската фудбалска конфедерација (CBF) преговараат со Карло Анчелоти, но тие разговори се комплицирани од фактот дека италијанскиот тренер има договор за уште една сезона со Реал Мадрид, потврдија два анонимни извори од CBF за агенцијата АП.

Еден извор изјави дека претседателот на Кофедерацјата, Едналдо Родригез, и директорот на репрезентацијата, Родриго Каетано, учествуваат во преговорите со Анчелоти.

Бразил е без селектор од 28 март, бидејќи Доривал Жуниор беше отпуштен три дена по поразот од Аргентина (1:4) во Буенос Аирес.

„И тие ги држат преговорите под контрола. Јасно е дека засега нема договор со никого“, изјави изворот за АП, додавајќи дека CBF „не брза“.

Тој призна дека во Бразил се надеваат дека ќе добијат нов селектор на фудбалската репрезентација пред 20 мај, кога треба да биде објавен составот за двата квалификациски натпревари за Светското првенство во 2026 година, кое ќе се игра во јуни.

АП наведува дека бразилските медиуми објавија дека Португалецот Жорж Жесус, кој моментално е тренер на Ал Хилал, е алтернатива доколку преговорите со Анчелоти не успеат.

Текстот Пресврт – Бразилците се во преговори со Анчелоти е превземен од МАКФАКС.