Премиер лигата ги усогласи своите прописи за клупско спонзорство во петокот, со одобрение од мнозинството клубови, како одговор на правната битка што ја води Манчестер сити.

Челниците на актуелниот шампион се противеа од самјот почеток на предлогот. Станува збор за правилата што ги регулираат спонзорските договори склучени со компании поврзани со сопственици на клубови или трансакции со поврзани страни (AПT).

Целта е да се осигура дека договорите претставуваат реална пазарна вредност и дека сопствениците не можат да потпишуваат вештачки надуени спонзорски договори со своите клубови во име на сопствените компании и на тој начин на неодредено време да ги зголемуваат нивните буџети.

Арбитражната комисија во септември одлучи дека таквите правила не се во согласност со слободата на конкуренцијата и пазарот. Се чинеше дека Сити ќе го добие спорот, но денеска Премиер лигата сепак гласаше за одредени измени на правилата за спонзорства.

За промена на правилата на лигата потребна е согласност од две третини, односно 14 клубови, а во овој случај согласност дале 16 од нив.

Против новите правила покрај Сити беа Астон Вила, Нотингем Форест и Њукасл. Според новите правила, сопствениците или акционерите на клубовите ќе можат да им даваат позајмици на клубовите, но посебни комисии во чија работа ќе можат да учествуваат клубовите ќе ја одредуваат висината на овие заеми во согласност со реалната пазарна цена.

Ова сепак нема да претставува сериозен удар за најбогатите клубови, но ќе го направи процесот на зголемување на нивните буџети нешто покомплексен. Пред да ја одобрат позајмицата, сопствениците ќе треба да докажат дека клубот може да ја врати вредноста на вложените пари на пазарот преку маркетинг, ТВ права и слично.

Текстот Премиер лигата ги промени правилата поради богатите сопственици е превземен од МАКФАКС.