„Утре наутро“ е политичка драма во кој ги опсервирам луѓето кои ги носат одлуките со чии последици се соочуваме ние. Мене живо ме интересира кои се луѓето кои ги носат одлуките со кои ние се носиме, оној висок општествен круг луѓе. Ова е приказна инспирирана од вистински настани кои се случиле меѓу 2014 и 2017 година. Плотот на приказната е фаталниот 27 април 2017 година и се занимава со прашањето што после тоа. Зборува за две семејства кои се соочуваат со последиците на одлуките кои ги носат т.н. глави на семејствата-татковците, мажи на извесна возраст од сите нации и религии во Македонија, неподготвени да се соочат со фактот дека последиците од одлуките кои тие ги носта најесто ги сносат нивните семејства и сите други семејства. Филмот е посветен на сите оние жени во Македонија кои се подготвени да ги одбранат семејствата и заедницата на која се посветени, рече на денешната прес конференција Јани Бојаџи, режисер и сценарист на филмот.
Бојаџи подвлече дека филмот се темели на актери, на актерската игра и смета дека центар на филмот е актерот и неговата човечност.
„Имав бескрајна среќа да имам во филмот актери со огромно човечко присуство. Ме интересира не само да се добри актери, туку и а се добри луѓе. Работевме 75 дена и навистина беше исклучително задоволство да се биде заедно“, рече Бојаџи и додаде дека преку 75 актери има во филмот.
Извршниот продуцент Дејан Милошевски објасни дека почнале да снимаат серија и кога ја завршиле серијата сфатиле дека имаат филм.
„Освен филмот ќе има и серија со пет епизоди по 55 минути. Премиерата на филмот ќе се одрѓи на 19 ноември во Синеплекс, а од 20 ноември ќе почне целосна дистрибуција низ Македонија“, рече Милошевски и додаде дека во моментот имаат еден фестивал на кој ќе биде прикажан филмот.
Текстот Премиера на филмот „Утре наутро“ на Јани Бојаџи на 19 ноември во Скопје е превземен од МАКФАКС.