Републичката управа за цивилна заштита на Република Српска издаде предупредување за пообилни врнежи и зголемување на нивото на водата.

Во предупредувањето се наведува дека од 24 до 29 март се очекува нестабилно време со чести, повремено обилни врнежи од дожд, како и од 60 до 150 милиметри дожд, јавува РТРС.

Поради очекуваните врнежи од четврток се очекува покачување на водостоите на сите реки, особено на реките во сливот Укрина, Усора, Босна и Врбања.

Текстот Предупредување за обилни врнежи и пораст на нивото на водата во Република Српска е превземен од МАКФАКС.