Вчера во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода З.Н.(41) од Охрид, кој се сомничи дека во атар на селото Горно Лакочереј, охридско, предизвикал пожар на поле со нискостеблеста вегетација и ожнеана нива.

При преземени мерки и извршен преглед, полициските службеници кај него, пронашле запалка која била одземена за натамошна постапка.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Текстот Предизвикал пожар: уапсен охриѓанец е превземен од МАКФАКС.