Тринаесетгодишно девојче вчера било удрено со автомобил во скопско Батинци, а возачот избегал.

Според информациите на МВР, вчера околу 09 часот на сервисна улица која ги поврзува регионален пат Скопје-ХЕЦ Козјак и село Батинци, скопско, патничко возило удрило во малолетничка од село Црн Врв, скопско, по што возачот со возилото го напуштил местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 13-годишната малолетничка, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.