Пред голем број медиуми, првото појавување на Виктор Вембањама на паркетот во дресот на Сан Антонио Спарс, иако кратко, само за снимање на камерите, не помина најдобро.
Сè што исфрли од рака од далечина – промаши. Очигледно, тремата од сцената го направи своето. Долго време се чекаше на првиот кош на првиот „пик“ на неодамна завршениот драфт. Вембањама беше упорен но без резултати. Французинот се обиде уште неколку пати, но исходот секогаш беше ист. На крајот, кога веќе не можеше од далечината, тој отиде на сигурно – ја зеде топката и заби и избега од теренот.
Victor Wembanyama was hitting everything. pic.twitter.com/onOEreQHjY https://t.co/anLXQ6hx4w
— V̷a̷t̷o̷r̷ (@Vator_H_Town) June 24, 2023
Инаку, на вториот ден од престојот во Сан Антонио, Вембањама вечерал со триото легенди на франшизата, Дејвид Робинсон, Тим Данкан и Ману Џинобили.