Според првите прелиминарни резултати на Државната изборна комисија на Хрватска, актуелниот хрватски претседател Зоран Милановиќ убедливо го победи противкандидатот Драган Приморац.

Милановиќ освои 71,02 отсто поддршка, а Приморац 28,98 отсто од гласовите.

Според податоците на комисијата, Зоран Милановиќ досега освоил 154.422 гласа, а Драган Приморац 63.027 гласа.

Потсетуваме, Милановиќ убедливо беше победник во првиот круг и му недостасуваа нешто помалку од два отсто од гласовите за да победи и да го добие вториот претседателски мандат уште тогаш.

Текстот Први резултати од изборите во Хрватска: Милановиќ доби 71 отсто од гласовите е превземен од МАКФАКС.