реклама
Во последните 70 години се навикнавме да ги гледаме овие слики црно-бело. Покојната кралица Елизабета Втора беше крунисана во 1953 година и нејзините портрети се доказ за тоа време. Деновиве Бакингемската палата ги објави официјалните портрети на новиот крал и кралица – Чарлс III и Камила.
Колекцијата на фотографии се состои од четири рамки – по еден портрет на секој од нив, една генерална и една фотографија од целото кралско семејство. Тие се направени веднаш по крунисувањето на 6 мај.
реклама

Во првиот кадар го гледаме Чарлс III со симболите на моќта во Велика Британија. Облечен е во раскошна наметка.
На втората фотографија Чарлс и Камила позираат заедно, повторно носејќи круни.
реклама

Третата рамка е портрет на кралицата Камила во нејзината прекрасна бела тоалета за крунисување и украсена наметка во длабока виолетова и златна боја.

Заедничката фотографија ги прикажува кралот и кралицата со високи членови на британското кралско семејство – војводата од Кент, војвотката и војводата од Глостер, вицеадмиралот Сер Тим Лоренс, принцезата Ана, принцот и принцезата од Велс, војвотката од Единбург , принцезата Александра и војводата од Единбург .
реклама

ФОТО: Кралско семејство
реклама