Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, изјави дека Реал и Барселона најмногу прифитираат од судиските грешки. Тебас смета дека Реал без потреба ја форисираа прказната дека се оштетени на секој натпревар, а за Барселона рече дека ќе добие казна за „случајот Негреира“.

„Сакаме да го промениме судискиот систем. Ако ги прашате другите клубови, сите тие ќе ви кажат дека Реал Мадрид и Барселона најмногу профитираат од судиските одлуки. Сепак, тие немаат ТВ канал за да го кажат тоа јавно. Реал ТВ е единствениот медиум кој ја турка приказната за судиите”.

„Имавме многу полемики околу судењето, но засега нема решение во Фудбалската асоцијација. ТВ Реал Мадрид и клубот дополнително ја зголемуваат контроверзноста со објавување лажни извештаи и преиспитување на се што се случува на теренот“, рече Тебас и дополни.

„Реал Мадрид е клуб кој постојано се жали и плаче. Тие се жалат за минатиот викенд, за следниот викенд, се жалат за сè и мислат дека сè е теорија на заговор. Познавам многу навивачи на Реал Мадрид кои нема да се согласат со мислењата што ги има клубот. Па сопруга на еден од челниците на клубот е во судиската комисија“.

„Случајот Негреира“, во кој Барселона беше обвинета дека плаќала судии, е исто така честа приказна во Шпанија. Тебас верува дека Каталонците ќе бидат осудени.

„Верувам дека има докази кои ќе ја осудат Барселона за корупција во овој случај. Сепак, дури и да бидат прогласени за виновни, не можеме да ги исфрлиме од лигата”.

Текстот Првиот човек на Ла Лига: Реал да престанат да се жалат и плачат, а Барселона ќе биде казнета за „случајот Негреира“ е превземен од МАКФАКС.