Лидерите на земјите-членки на БРИКС синоќа го завршија првиот ден од Самитот во Јоханесбург со состанок зад затворени врати на кој разговараа за важни глобални прашања и проширување на организацијата.
Според неименуван дипломатски извор средбата зад затворени врати немала однапред договорена агенда.
Тој додаде дека секој учесник може да го покрене секое прашање што смета дека е потребно да се иницира во текот на дискусијата.
Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса, кој претседава со Самитот, изјави дека ќе се разгледа можноста за прием на нови членки во БРИКС.
Дискусиите на Самитот сугерираат дека лидерите на земјите од БРИКС се наклонети кон отворање на можноста за членство за три до пет земји. Досега 22 земји поднеле официјални апликации за приклучување кон БРИКС.
Проширувањето на организацијата е денеска на дневен ред на пленарната седница на Самитот