Ник Кирјиос, австралискиот тенисер го победи Мекензи Мекдоналд во првото коло на Мастерсот во Мајами.
Кирјиос успеа да победи за прв пат од октомври 2022 година, кога во Токио славеше над Камил Мајжак.
Ник овојпат го совлада Мекензи Мекдоналд со 2:1, по сетови 3:6, 6:3, 6:4 и во второто коло ќе игра со Карен Хачанов.
Кирјиос одигра само еден меч во 2023 година, една година подоцна одигра само два меча и ги загуби сите.
Кирјиос конечно успеа да победи и да се пласира во второто коло на Мајами, каде го чека 22. рангираниот тенисер во светот.
Текстот Прва победа на Ник Кирјиос по 29 месеци е превземен од МАКФАКС.