Полицијата и обвинителството упаднале во три калчолигаши, римските Рома и Лацио, како и Салернитана. Според информациите од медиумите, финансиската полиција ги чешла трите клубови поради неправилности со купување и продажба на играчи, продажба на правата на фудбалерите, како и неправилности при одредени трансфери.

Advertisements

Рома е под лупа за трансфери во периодот од 2017 до 2021 година, без 2020, додека Лацио и Салернитана се под лупа за комплетниот период од 2017 до 2021 година. Овие два клуба се на тапет и за трансакции меѓусебе со фиктивни трансфери, но и прекршување на законите за водење на финансиските книги со внесување на лажни податоци за приходи и расходи од трансфери.

Кај Рома под истрага се дури осум луѓе, од актуелните газди од групацијата Фридкин и бившиот газда Џејмс Палота, но и бившиот извршен директор Умберто Гандини, кој сега е прв човек на кошаркарската лига на Италија.

Во Лацио под истрага е претседателот Клаудио Лотито, како и спортскиот директор Игли Таре, но и уште петмина од раководството на клубот.

Прикажи повеќе