Израелската армија дозволи девет камиони со хуманитарна помош да влезат во северниот дел на Појасот Газа, вклучително и во Џабалија, во Беит Ханун и во Беит Лахија.
Тоа е првпат по четири месеци во Џабалија да биде доставена хуманитарна помош.
Хуманитарната помош е сместена во магацини кои припаѓаат на Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) и оттаму ќе биде дистрибуирана.
УНРВА ја спроведе првата редовна дистрибуција на помош во соработка со безбедносните сили на Владата на Газа и палестинските племиња.
Во дистрибутивниот центар пристигнаа стотици Палестинци, а на секое семејство му беа дадени по пет килограми брашно.
Помошта се состои од брашно, ориз, конзервирана храна и шеќер.
Според палестинското Министерство за здравство, најмалку 27 лица починаа од неисхранетост и дехидрација во Појасот Газа како резултат на израелската блокада.
Според Обединети нации, поради израелската офанзива, 85 отсто од населението на Појасот Газа е внатрешно раселено и се соочува со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништени.
Извор: МИА