Полицијата го приведе А.А. од Скопје, 54-годишен затвореник од Идризово, баран со централна и меѓународна потерница поради бегство од затворот.
Тој бил осуден на казна затвор од 10 години и пет месеци за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, неовластено изработување, држење и тргување со оружје и фалсификување исправа.
Му останале уште шест години и два месеци за доиздржување на затворската казна, но пред четири години, на 5 февруари 2021 година, побегнал кога бил пуштен на домашно отсуство.
Од МВР велат дека затвореникот ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа.
Текстот По четири години поминати во бегство фатен затвореник од Идризово е превземен од МАКФАКС.