Утрово и швајцарската народна банка ја зголеми референтната каматна стапка за 50 базични поени, со што ја донесе на 1,5 отсто. Оваа промена на каматната стапка е четврти последователен пораст и промената на референтната стапка е во согласност со очекувањата на аналитичарите.
Најновото зголемување на стапката доаѓа бидејќи домашната инфлација останува далеку над целта на Швајцарската национална банка од 0 до 2 отсто.
Претходно и Централната банка на САД најави дека ќе ги покачи каматните стапки по потресите предизвикани од колапсот на две американски банки. Федералните резерви (ФEД) синоќа ги покачија каматните стапки за четвртина отсто, сигнализирајќи дека има спремност за запирање на понатамошно покачување на чинењето на кредитите. Основната каматна стапка за еднодневни депозити е фиксирана од 4,75 до 5,00 отсто, а ова е деветто зголемување досега во напорите на ФЕД за зауздување на инфлацијата во изминатите две години.
Во однос на банкротот на двете крупни банки, Баката на Силиконската долина Сигначр Банк, ФЕД во својата изјава не напоменуваат за можноста за понатамошно покачување на стапките.