Дениз Ричардс и Арон Фиперс се разведуваат.

Арон поднесе барање за развод, објави списанието „Пипл“, повикувајќи се на судски документи. Датумот на развод е 4 јули, а причината се „непомирливи разлики“.

Според документите, Фиперс побарал од Ричардс брачна издршка, а исто така побарал и нивниот имот и долгови, вклучувајќи ги неговите електрични алати, мотоцикл и спортски автомобил, да останат посебен имот.

Двојката нема деца, иако Ричардс претходно откри дека Фиперс е во процес на посвојување на нејзината 14-годишна ќерка, Елоиз. Не е јасно дали посвојувањето официјално се случило.

Тие се заедно од 2017 година.

Актерката го запознала Арон во центар за лекување во Малибу, а почнале да се забавуваат во јуни 2017 година. Тие ја чуваа својата свршувачка во тајност и се венчаа на 8 септември 2018 година.

Ричардс претходно беше во брак со Чарли Шин. Тие беа заедно од 2002 до 2006 година и имаат две ќерки, Сами и Лола.

Во една епизода од реалното шоу „Дениз Ричардс и нејзините диви нешта“, Арон и Дениз рекоа дека разводот не е опција за нив.

„Да, никогаш повеќе нема да се разведам. Дури и да се мразиме, нема да се разведам“, додаде Дениз. Фиперс додаде дека дури и ако се разделат, официјално нема да се разведат. „Само ќе имаме различни домови или нешто слично“, рече тој.

Текстот По седум години во брак, Дениз Ричардс и Арон Фиперс се разведуваат е превземен од МАКФАКС.