Австралиски владини претставници нема да присуствуваат на Зимските олимписки игри следната година во Пекинг, изјави премиерот Скот Морисон.

Advertisements

Австралија на тој начин им се придружува на САД во дипломатскиот бојкот на Игрите.

Морисон рече дека кинеската влада сè уште не направила ништо за да одговори на прашањата поставени од Канбера, вклучително и оние за наводните прекршувања на човековите права.

„Затоа не е изненадувачки што австралиските официјални лица нема да одат во Кина на Игрите. Австралиските спортисти ќе одат“, рече премиерот во Сиднеј.

Соединетите Американски Држави најавија дипломатски бојкот на Игрите во Пекинг во понеделникот, додека американските спортисти ќе учествуваат на ЗОИ во главниот град на Кина.

Прикажи повеќе