За нас беше особено тешка вечер, загубивме. Од утре ќе бидам премиер во оставка. Но, либералите се силни, ќе се вратиме“.
Ова синоќа, со солзи во очите, го соопшти премиерот на Белгија Александар Де Кро, кој беше дочекан со аплуаз и поздравен од активистите и симпатизерите на неговата либерална партија Отворени фламански либерали и демократи (Опен ВЛД) која освои само 5,9 отсто на денешните избори во Европскиот парламент.
Les électeurs de l’@0penvld tirent la prise: les larmes de @alexanderdecroo (image @RTBFinfo) (vidéo) #Elections2024 pic.twitter.com/8ubJDCB6a5
— michel henrion (@michelhenrion) June 9, 2024
Тој одржа исклучително краток говор по овој катастрофален пораз на кој само ја најави оставката.
Националистичката Нова фламанска алијанса (Н-ВА) победи на денешните избори за членови на Претставничкиот дом на белгискиот Федерален парламент со освоени 18,9 проценти од гласовите, покажуваат резулатите од преброени речиси 90 отсто од избирачките места.
На второ место е ултра националистичката и десно популистичка партија Фламански избор (ВБ) со 15,5 отсто, на третото место е левичарската Работничката партија на Белгија (ПВДА/ПТБ) со 9,4 проценти, пред фламанската социјалдемократска партија Напред (Воројт) со 9,1 и Христијанските демократи и Фламанци (ЦДВ) со девет отсто од гласовите.
Натаму следуваат валонското либерално Реформско движење (МР) со 8,3 проценти, валонската Социјалистичка партија (ПС) со шест, либералната партија Отворени фламански либерали и демократи (Опен ВЛД) на актуелниот белгиски премиер Александер де Кро со 5,9 отсто, валонската демохристијанска партија Посветените (ЛЕ) со 5,6 и двете еколошки партии – фламанската Зелени со 4,9 и валонската Еколо со 2,6 проценти. Останатите партии имаат под еден отсто.
На изборите за регионалниот Парламент на Брисел, МР освои 26,2 отсто, пред ПС со 21,9, ПВДА/ПТБ со 20,8, ЛЕ со 10,6, Еколо со 10 проценти и бриселската регионална либерална партија Независни федералистички демократи (ДЕФИ) со осум отсто.
МР со освоени 30 проценти од гласовите победи на изборите за Парламентот на Валонија, пред ПС со 22,3, ЛЕ со 21,9, ПВДА/ПТБ со 11,2, Еколо со 7,4, ДЕФИ со 2,7 и валонската националистича партија „Кај нас“ (Ше Ну) со 2,6 проценти.
Во Фландрија на изборите за регионалнит Парламент, Н-ВА освои 23,2 отсто од гласовите, пред ВБ со 16,9, Воројт со 13,5, ЦДВ и Опен ВЛД со по 12,4 и ПВДА/ПТБ и Зелените со 8,3 проценти.
На изборите за членови на Европскиот парламент од Белгија, Н-ВА освои 14,2 отсто од гласовите, пред ВБ со 12 и Опен ВЛД со 10,1 проценти. Натаму следуваат ПС со 9,7, ЦДВ со 9,2, ПВДА/ПТБ со 8,4, Зелените со 7,8, Еколо со 7,3, МР со 7,1, Воројт со 6,4, ЛЕ со 3,5, ДЕФИ со 2,1 и валонската десничарска Народна партија (ПП) со 1,7 отсто. Останатите листи освија под 0,5 отсто од гласовите.