Неодамна сите светски медиуми пишуваа за измама со Бред Пит, кога непознат маж претставувајќи се како познатиот актер, ја измамил 53-годишната Ана од Франција. Сега во сличен проблем се најде и Сандра Булок (60), која ја информира јавноста за измамници кои лажно се претставуваат како неа.

Таа изрази длабока загриженост и за безбедноста на нејзиното семејство и за експлоатацијата на невините жртви, од кои сторителите, наводно, бараат пари. Во своето ретко јавно обраќање, Сандра јасно изјави дека не ги користи социјалните мрежи и ги повика своите фанови да бидат внимателни кога станува збор за лажни профили чии креатори го искористуваат нејзиното име.

„Длабоко сум загрижена за безбедноста на моето семејство и експлоатацијата на невини луѓе и моментално сум фокусирана на соработка со полицијата, до која се обратив за помош. Сите профили кои се преправаат дека сум јас или некој поврзан со мене се лажни и се создадени за финансиски измами или искористување луѓе. Немам профили на социјалните мрежи“, изјави актерката за „Пипл“.

Првото предупредување преку социјалните мрежи го испрати помладата сестра на Сандра Гесине Булок-Прадо (54), која откри дека неколку луѓе на Фејсбук се преправале дека се таа. „Јас пријавувам измами неколку пати на ден, добивам чудни и застрашувачки мејлови на мојата работа и лични адреси од мажи и жени кои веруваат дека се во врска со мојата сестра и кои понекогаш депонирале илјадници долари“, напиша Гесине, споделувајќи слики од лажните сметки.

Таа, исто така, откри дека сите тие сè уште биле активни и покрај нејзините пријави до Фејсбук и неговата безбедносна служба. Решена да ги заштити другите од тоа да станат жртви на такви измами, Гесине ги повика своите следбеници да пријават и блокираат сомнителни сметки, додавајќи дека и таа била принудена да ја вклучи полицијата во приказната поради сериозноста на ситуацијата, пофалувајќи ги за нивната брза реакција.

Текстот По Бред Пит, на мета на измамници се најде и Сандра Булок, таа се јавила во полиција е превземен од МАКФАКС.