Американската вселенска агенција НАСА успешно испорача примероци од астероидот Бену на Земјата, но нема одмор за нејзиното летало OSIRIS-REx бидејќи веќе тргна на нова мисија.
Леталото беше лансирано во 2016 година, а примероци од астероидот Бену беа собрани во 2020 година. Капсулата се спушти во пустината и со хеликоптер беше пренесена во „чиста соба“, додека денеска ќе пристигне во вселенскиот центар Џонсон на НАСА во Хјустон. Количеството примероци од 250 грама ќе им биде поделено на научниците ширум светот, кои ќе ги анализираат со цел да добијат информации за формирањето на планетата и Сончевиот систем, а можеби и за потеклото на животот на нашата планета.
Меѓутоа, по испораката на примероци од астероиди до Бену, вселенското летало OSIRIS-Rex тргна на нова мисија наречена OSIRIS-APEX (OSIRIS-APophis EXplorer) за да стигне до астероидот Апофис. Овојпат нема да собира примероци, туку ќе го мапира. Ќе собира податоци кои ќе обезбедат увид во раниот Сончев систем и веројатно смртоносните астероиди. Леталото ќе започне со научни набљудувања во април 2029 година бидејќи се потребни речиси шест години за да стигне до астероидот по неколку „кругови“ околу Сонцето.