Денеска во Париз почнува Форумот за мир, на кој ќе учествуваат многубројни лидери на меѓународни организации и шефови на држави или влади.
Advertisements
Годинашното, четврто издание на форумот е посветено на економското заздравување по пандемијата на коронавирусот.
На тридневниот собир, меѓу другите, учествуваат Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел, претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, директорот на СЗО Тедрос Гебрејесус, како и претседателот на Франција Емануел Макрон и потпретседателката на САД Камала Харис.
Парискиот форум за мир е покренат од Макрон во 2018 година, на 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна, а симболично го отвори германската канцеларка Ангела Меркел.