Денеска беше отворена новата Поликлиника Сарај, во скопската општија во која што ќе може да се лекуваат над 45 илјади жители од овој регион на градот. Станува збор за инвестиција во вредност од 79 милиони денари, обезбедени од Министерство за здравство. За успешно функционирање на поликлиниката обезбеден е и стручен медицински кадар, за што во декември, минатата година беа реализирани 26 нови вработувања од разни профили, како што се: доктори на медицина, медицински сестри, лаборанти и друг кадар наменети за Поликлиника Сарај, изјави Меџити. Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.