Во институтот за јавно здравје во текот на изминатата недела регистирани се 73 случаи на сезонски грип Заболените се на различна возраст, а најголем дел од нив се од Дебар, но регистрирани се и случаи во Охрид, Гостивар, Скопје, Тетово и Кавадарци.

Лекарите апелираат граѓаните кои спаѓаат во ризичните групи како што се лицата над 65 години, хронично болните и бремените жени да се вакцинираат со вакцината против сезонскиот грип.

За вакцина против грип веќе се пријавиле над 10 000 граѓани, од кои што најголем дел се лица над 65 години. Сепак засега нема информации кога ќе започне вакцинацијата, бидејќи се уште се чека да пристигнат вакцините. Според најавите од министерството за здравство државата ќе набави 40.000 вакцини.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.