Во седиштето на УЕФА во Нион, четирите шампиони на земјите со најлош национален коефициент за оваа сезона ги дознаа своите први ривали во новата сезона. Станува збор за прелиминарното коло, односно фазата која му претходи на првото прелиминарно коло од Лигата на шампионите.
Шампионите на Исланд (Брајдаблик), Црна Гора (Будуќност Подгорица), Андора (Атлетик Клуб д’Ескалдес) и Сан Марино (Тре Пене) ќе се натпреваруваат во турнирски систем на крајот на јуни, а само победникот на тој турнир ќе се пласира во првото прелиминарно коло од Лигата на шампионите.
Турнирот ќе се одржи во Исланд, во градот Копавогур од каде што потекнува актуелниот исландски шампион Бреидаблик. Полуфиналните натпревари се закажани за вторник на 27 јуни, додека финалето е закажано за 30 јуни.
Понатаму, на 20 јуни ќе се одржи ждрепката за првото прелиминарно коло од Лигата на шампионите, па пред турнирот ќе се знае на кого ќе оди победникот (опциите се Ференцварош, Карабаг, Слован Братислава, Лудогорец, Шериф, Зрињски Мостар, Астана…).
Полуфиналните двојки:
Атлетски клуб д’Ескалдес – Будуќност Подгорица
Тре Пене – Бреидаблик