Локалните избори во земјава ќе се одржат утре, а денеска гласаат лицата кои се болни и немоќни, лица инфицирани со ковид-19 или во изолација, затвореници, лица во притвор внатрешнораселени лица и лица кои се во старски домови. Според информациите од посебните изводи од Избирачкиот список, во домовите за стари лица се пријавени 351 за гласање.