реклама
Хрватскиот поп-пејач Мило Васиќ, познат под уметничкото име Јасмин Ставрос почина на 68-годишна возраст. Тој се борел со рак на коските, јавуваат хрватските медиуми.
На крајот на март годинава, беше потврдено дека боледува од таа сериозна болест. Пејачот веднаш бил згрижен в болница, а сомнежите говореа дека ракот му се проширил и на стомакот.
реклама
Јасмин Ставрос е роден на 1 ноември 1954, во Сплит. Негова можеби најпозната песна е „Дао би сто Америка“ (Би дал 100 ‘Америки’), којашто раскажува за неговиот престој во САД пред да се врати во Хрватска во пресрет на прогласувањето на хрватската независност.
Соработувал со Јосипа Лисац, Арсен Дедиќ, Душко Локин, Мишо Ковач, Ивица Шерфези, Неда Украден, Љупка Димитровска и други музичари од поранешна Југославија.
реклама