Легендарниот рокер и фронтмен на групата „Рибља чорба“ почина утрово во болница во Љубљана, потврди групата „Рибља чорба“.

Последните денови од животот ги помина во Клиничкиот болнички центар во Љубљана, каде што беше хоспитализиран по тешка пневмонија.

Бора Ѓорѓевиќ е роден во Чачак во 1952 година, а во поранешна Југославија остави голема трага на јавната сцена како рок-музичар и поет, а извесно време беше активен и на политичката сцена.

Рокерoт имаше три брака, беше во брак со Драгана Ѓорѓевиќ со која го има синот Борис, а со нив живееше и Тамара, ќерката на Драгана од претходниот брак. Борисав и Драгана на 5 февруари 2007 година се развеле спогодбено, а Борис и го напуштил станот во кој живееле. Според тамошните медиуми, Драгана Ѓорѓевиќ извршила самоубиство на 23 март 2007 година, а оваа информација никогаш не била јавно потврдена од рокерот.

Драгана Ѓорѓевиќ беше пронајдена мртва во нејзиниот стан на улицата Београдска на 27 март 2007 година. Причина за нејзината смрт е предозирање со антидепресиви, поради што полицијата дошла до заклучок дека таа се самоубила. Но, Ѓорѓевиќ тоа никогаш не го призна. Тој го промени изразот на лицето кога водителот во една емисија спомна дека неговата сопруга извршила самоубиство и само рече „Не се убила, само претерала“.