Почина поранешниот претседател на Албанија, Бујар Нишани, еден месец откако во тешка состојба беше хоспитализиран во болница во Германија. Здравствената состојба му се влошила по неговата инфекција од Ковид-19 пред два месеци.
Боледувал од автоимуна болест на црниот дроб и не успеал да ги надмине последиците од вирусот. Нишани беше на чело на Албанија од 2012 до 2017 година и беше најмладиот претседател избран на оваа функција, со 47 години кога положи заклетва. Почина на 58-годишна возраст. /Алсат.мк