Вчера во 17.20 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека на осуденикот О.Г.(34) од Република Турција му се слошило, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, каде што починал.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Текстот Почина осуденик од Турција: му се слошило па бил пренесен во болница е превземен од МАКФАКС.