По долго и тешко боледување, почина македонската актерка Сабина Ајрула Тозија на 75-годишна возраст.
Се работи за актерка со маркантен лик на македонската театарска и филмска сцена, а препознатлива e по својот актерски физикус и вонреден талент.
Позначајни улоги на Ајрула-Тозија се Олга („Чехов“); Гертруда („Хамлет“); Фатима („Солунски патрдии“), а играше и во една од најпознатите турски серии „Величенствениот“.
Во своето долгогодишно искуство соработувала со повеќето реномирани македонски и странски режисери, а има играно заедно и со многу познати југословенски актери.