реклама
Почина актерот Лу Палтер, најпознат по трогателната сцена од Титаник која наслика многу очи.
Актерот почина на 94-годишна возраст по тешка болест, рак на белите дробови.
реклама
Актерот најпознат по улогата во филмот Титаник се појавува при крајот на филмот кога бродот почнува да тоне. Сцената во која маж и неговата сопруга лежат во прегратки на креветот додека околу нив блика вода, скрши многу срца.
Инаку, актерите во оваа култна сцена го отелотворија ко-основачот на продавницата Мејси, Исидор Штраус и неговата сопруга Ајда. Нивната прапра-внука е Венди Раш, сопруга на Стоктон Раш, основач и директор на OceanGate кој загина во подморницата Титан.
реклама