На Бадник на 85-годишна возраст почина Душан Дуда Маравиќ, легендарниот фудбалер на Црвена Звезда и стрелец на првиот гол на новоизградениот стадион во Љутице Богдана.

Душан Маравиќ е роден во Франција на 7 март 1939 година. По завршувањето на Втората светска војна со семејството дошол во Југославија и станал голем фудбалер. Тој освои златен медал на Олимписките игри во Рим во 1960 година.

Маравиќ се приклучи на Црвена звезда на 16 јули 1958 година и играше до 24 јуни 1964 година. За црвено-белиот тим одигра 232 натпревари, постигнувајќи 82 гола. На натпреварот против Риека во 1963 година, на отворањето на Маракана, тој стана првиот играч на клубот кој постигнал гол на новиот стадион.

Маравиќ на титулите со Црвена звезда додаде и диплома од Економскиот факултет, што многу му помогна во градењето кариера во меѓународните фудбалски организации УЕФА и ФИФА по неговите играчки денови. Зборуваше четири странски јазици, вклучувајќи шпански, италијански, француски и англиски.

Текстот Почина Душан Дуда Маравиќ, легендата на ФК Црвена Звезда е превземен од МАКФАКС.