Триесет и деветгодишен маж од регионот Мандалај ги опиша драматичните моменти додека се обидувал да спаси лице заробено под урнатините на урната џамија во селото Суле Коне.
Според Ројтерс, тој бил принуден да побегне поради силните последователни потреси.
„Морав да го оставам… Се вратив по втор пат за да се обидам да го извлечам“, рече тој, барајќи анонимност.
„Со свои раце извлеков четворица. За жал, тројца веќе беа мртви, а едно ми почина на рацете“.
Според него, во тоа село загинале најмалку 10 луѓе.
Муслиманите се религиозно малцинство во претежно будистичкиот Мјанмар и со децении властите систематски ги маргинализираа. Во последниве години, ситуацијата дополнително ја влошија ултранационалистичките групи и екстремистичките монаси, кои поттикнуваат омраза и насилство, пренесува Ројтерс. Според извештајот на американскиот Стејт департмент од 2017 година, властите во Мјанмар со децении го отежнувале издавањето дозволи за реновирање или изградба на џамии, а бројни историски места за богослужба се распаѓаат бидејќи не им е дозволено ниту основно одржување.
Во земјотресот сериозно беа оштетени и будистичките згради. Воената хунта наведува дека биле оштетени 670 манастири и 290 пагоди, но во нивниот извештај не се споменува ниту една џамија.
Текстот Потресно сведоштво од Мандалај: „Извлеков четворица, тројца мртви, еден ми почина на раце“ е превземен од МАКФАКС.