Додека луѓето сè уште се сомневаат во вакцините што се ставаат за заштита од корона вирусот, на Интернет е објавен сертификат за вакцинација што датира од времето на Отоманската империја, односно од 1908 година. До тој период биле откриени само две вакцини, едната против мали сипаници, а другата била против чума. Документот ги содржи деталите за лицето коешто е вакцинирано, пишува Алсат.
„Потврда за вакцинација против епидемијата во времето на Отоманската империја за време на султанот Абдулхамид Втори во 1326 година според хиџра:
Печат: Абдулхамид Хан бин Абдулмеџид ел-музафер даима
Реден број: Сериски број: Вакцинален сертификат:
Име: Исмаил ефенди
Години: 10
Татково име: Мехмед Ага
Занимање на таткото: Возач на фијакер
Религија: Ислам
Град: Истанбул, Апартман: 17, округ: Ускудар
Име на околијата: Тунушбаг маало, улица: Едхем Паша, број на куќа: 44.
„Во Балада, доброволно и без наметнување, вакцинацијата беше направена по втор пат за споменатото лице за заштита од епидемијата и овој сертификат му се доставува на 13 октомври 1326 хиџра. Одговорен за вакцинација: Мустафа бин Хусеин…“, пишува меѓу другото во сертификатот.