Официјален Киев соопшти дека денеска бил постигнат прелиминарен договор со Русија за создавање хуманитарен коридор за евакуација на жените, децата и постарите лица од опколениот град Мариупол. „Успеавме да договориме хуманитарен коридор за жени, деца и постари лица. Со оглед на катастрофалната хуманитарна ситуација во Мариупол, овде ќе ги насочиме нашите напори денес“, напиша на Фејсбук украинската вицепремиерка Ирина Верешчук, додавајќи дека обидот за евакуација ќе започне во 14 часот.
Advertisements
Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, изјави дека властите се надеваат дека ќе евакуираат 6.000 луѓе од градот во 90 автобуси. Околу 100.000 цивили сѐ уште се во опколениот град, рече Бојченко, додавајќи дека десетици илјади се убиени. Претходниот договор за воспоставување безбеден коридор за евакуација на цивилите од Мариупол пропадна на 5 март. Оттогаш, повторените обиди за создавање хуманитарен коридор не беа успешни.