Од веганската кујна добиваме многу рецепти кои одлично се вклопуваат во домашната гозбена трпеза доколку се работи за посна крштевка или есен на денот на Великиот пост. Најдобро е што не ви треба рерна, миксер, па дури и многу време за да ги подготвите овие колачи, а не содржи ниту грам шеќер, па гостите кои можеби се на диета ќе можат да се послужат.

Состојки:

1 шолја кокосово брашно
2 лажици мед
2 лажици кокосово масло
½ чаши ситно сечкани бадеми
сок од еден лимон
2 лажици мед
прстофат куркума
листови од свежо нане

Подготовка:

Во блендер ставете кокосовото масло, бадемите и медот, па блендирајте една минута. Потоа додадете сок од лимон и малку куркума и продолжете со матење додека не добиете хомогена смеса.

Потоа направете топчиња и виткајте ги во кокосовиот прав, па оставете ги да отстојат во фрижидер преку ноќ.

Украсете со листови нане пред сервирање.

Ништо поедноставно!