Мерсисајд дербито, вечерва, за последен пат ќе се одигра на Гудисон Парк во Ливерпул.
Пред последната пресметка на стадионот кој на крајот од сезоната ќе замине во историјата, големите градски ривали имаат изедначен учинок на Гудисон, по 41 победа.
Тоа ќе биде 120. Мерсисајд дерби на теренот на Евертон, вкупно 245 во историјата на „карамелите“ и „црвените“. Во натпреварите одиграни на стадионот на Евертон, двата тима имаат по 41 победа. Вкупно, Ливерпул има 99 победи, Евертон 68, а 77 натпреварите завршувале без победник.
Евертон сака победа, со која би ставил крај на една ера на овој стадион, на Ливерпул победата му е потребна за стекне предност од девет бода во однос на Арсенал.
Натпреварот првично беше закажан за 7. декември, но силната бура тој ден го одложи.
Споредено со тој момент, кога Ливерпул ќе беше апсолутен фаворит на теренот, работите на другата страна значително се променија на подобро по доаѓањето на Дејвид Мојс.
Откако Мојс пристигна на Гудисон пред еден месец, само Ливерпул има освоено повеќе бодови од Евертон во Премиер лигата.
Во последната пресметка на Гудисон, главен судија ќе биде Мајкл Оливер, а во ВАР собата ќе седи Крис Кавано.
Дуелот ќе започне во 20 часот и 30 минути.
Текстот Последно Мерсисајд дерби на Гудисон Парк е превземен од МАКФАКС.