Алармот на  стопанските комори за поскапување на прехранбените производи до 50% е реален,вели академикот Абдулменаф Беџети во интервју за РСЕ. Житото, лебот, млекото, маслото и некои други прехранбени производи може да поскапат,  заради, како што вели Беџети, инфлацијата која до крајот на годината може да се искачи до 5% сметајќи  според индексот на цените на мало.

Веќе се забележува поскапување на цената на електричната енергија на меѓународниот пазар, а се знае дека Северна Македонија зависи од увозот. Но како ќе  влијае ова во нашата земја?

Беџети додава дека Владата треба сериозно да го следи енергетскиот баланс и да најде начин како да го контролира тоа. Пред неколку дена премиерот Заев најави дека ќе се зголеми домашното производство на електрична енергија со активирање на третиот блок на РЕК Битола каде сега работат два блока.

Инаку покачувањето на цените на сировините на светско ниво, Стопанската комора најави дека доколку не  се преземат мерки може да дојде до сериозен удар врз цените на храната кои до крајот на годината може да поскапат и до 50%. Ова може да влијае на спиралата на инфлација, а со тоа и врз буџетот на граѓаните.