Посетата беше по повод културен настан и нема карактер на државна, официјална или работна посета.

Ова во изјава за Нова.бг го велат Министерството за надворешни работи на Бугарија како објаснување на потегот на бугарскиот амбасадор во земјава Жељазко Радуков, кој вчера ја одби протестната нота од македонското МНР поради дипломатскиот пропуст со отсуството на македонското државно знаме за време на фотографирањето на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и бугарскиот претседател Румен Радев во Софија.

„Посетата беше по повод културен настан – гостување на Националната опера и балет на Република Северна Македонија во Софија и нема карактер на државна, официјална или работна посета. Во такви случаи, протоколарната практика не предвидува интонирање на химните, поставување други државни знамиња, како и други протоколарни атрибути. Ова вчера го изјави и амбасадорот Радуков во разговорот со дипломатите од Министерството за надворешни работи на Северна Македонија“, наведуваат од МНР на Бугарија за Нова.бг.

Прикажи повеќе