Репрезентацијата на Португалија прва избори пласман во четвртфиналето на 20. Светско првенство. Во првиот меч од второто коло во Групата 3, Португалија ја декласира Шпанија со 35:29 (15:16).
Португалците се хит на ракометниот Мундијал. До четвртфиналето стигнаа без пораз, а во последното коло, против аутсајдерот Чиле ќе имаат можност да го обезбедат првото место во групата.
Попладнево во Осло, предводени од голанот Диого Маркеш и десниот бек Диоко Кошта, ја надиграа Шпанија и ја забележаа првата победа во меѓусебните дуели.
Шпанците немаа одговор за вбрзата игра на Португалија и покрај тоа што во вториот дел од првото полувреме два пати имаа предност од четири гола. До крајот на полувремето Португалците изедначија, но сепак Шпанија со гол во последната секунда имаше предност по првиот дел.
Шпанците вториот дел го отворија со два гола, а потоа започна серијата на Португалците. Немаа решенија за разиграниот Диого Кошта, голманот Маркеш влезе во серија одбарни и Португалците комплетираа серија 7:1.
Откако ја презедоа контролата, само еднаш им дозволија на Шпанците да се доближат на гол негатива.
Голманот Маркеш имаше 14 интервенции, а во нападот покрај Кошта (осум гола), шест постигна Салвадор. Шпанците ги предводеше Фернандез, кој реализираше пет седмерци, со шест гола.
Текстот Португалците ја растурија Шпанија, први изборија место во четвртфиналето е превземен од МАКФАКС.