На туристите во популарниот португалски град Албуфеира наскоро би можело да им биде забрането да се шетаат во костим за капење, а доколку не го сторат тоа ќе се соочат со високи казни.

Крајбрежен град во јужниот регион Алгарве, омилена дестинација за британските туристи, го промени својот кодекс на однесување, забранувајќи им на луѓето делумна или целосна голотија на јавни места. Според новите планови, секој што носи костим за капење или оди без маица од плажата може да биде казнет до 1.500 евра.

Албуфеира се приклучува на релативно долгата листа на европски градови со слични закони, вклучувајќи ги Барселона, Дубровник и Ница, пишува Би-Би-Си.

Минатата година осум Британци беа снимени како танцуваат целосно голи во бар среде бел ден на Руа да Уара, главната улица за забава во Албуфеира. Видеата станаа вирални, а португалската полиција успеа да ги идентификува туристите.

Инцидентот доведе до итен состанок на надлежните органи, а градоначалникот Хозе Карлос Роло вети дека ќе се справи со непослушното однесување на туристите.

Текстот Португалски град им забранува на туристите да се шетаат во костими за капење, казни до 1500 евра е превземен од МАКФАКС.