Владата на Португалија најави дека проширувањето на Европската Унија не треба да има фиксни рокови, дека нејзините институции мора да се реформираат за да се прилагодат на новите членки, особено кога станува збор за одлучување, но и дека е неопходно за земјите кандидати да ги исполнат своите задачи.
– Не е мудро да се поставуваат фиксни или многу конкретни рокови. Процесот на проширување се заснова на сопствените заслуги на кандидатите и на проценката на нивниот капацитет и исполнувањето на критериумите од Копенхаген – рече Тијаго Антуњеш, државен секретар во Министерството за европски работи.