Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, објави дека е инфицирана со коронавирусот и покрај тоа што е уредно вакцинирана.

Advertisements

Како што додаде, таа не го придружувала американскиот претседател Џо Бајден на неговото патување во Европа, а последен пат го видела во вторникот со посебни заштитни мерки.

Псаки извести дека еден член од нејзиното домаќинство бил позитивен на коронавирус. Таа потоа беше подложена на тестирање сите изминати денови и резултатите биле негативни од среда до сабота, но во неделата тестот беше позитивен.

Портпаролката на Белата куќа рече дека го споделила резултатот со јавноста за да биде сè транспарентно.

Откако беше вакцинирана против коронавирус, Псаки има благи симптоми и рече дека продолжува да работи од дома.

Таа планира да се врати во Белата куќа по десетдневен карантин и негативни резултати од тестот за коронавирус.

Прикажи повеќе