Аргентинецот Мартин Анселми ја презеде функцијата тренер на португалскиот фудбалски гигант Порто. 39-годишниот, кој на клупата го замени Витор Бруно, потпиша договор со Порто до крајот на сезоната 2026/27.
Порто е на третото место во португалскиот шампионат со 41 бод, исто колку и второпласираната Бенфика, додека Спортинг води со 47 бодови.
На „змејовите“ им оди полошо во Лига Европа, на табелата се на 25. место од 36 екипи во пресрет на последното коло.
Витор Бруно мораше да се збогува пред една недела поради слабите резултати откако го презеде Порто од 1. јули минатата година.
Него сега ќе го наследи Анселми, кој претходно го водеше мексиканскиот Круз Азул.
Португалските медиуми пишуваат дека прв пат во историјата на португалското првенство, три најголеми клубови во земјата, во иста сезона им врачиле откази на тренерите. Претходно тренерите ги отпуштија Бенфика и Спортинг.
Текстот Порто има нов тренер е превземен од МАКФАКС.