Доналд Трамп е првиот поранешен претседател на САД осуден за кривично дело откако синоќа порота во Њујорк го прогласи за виновен за фалсификување документи за да се прикрие исплатата на пари на порно ѕвезда пред изборите во 2016 година.
По дводневно размислување, 12-члената порота објави дека го прогласува Трамп за виновен за сите 34 обвиненија против него.
Пресудата ги втурнува САД на непозната територија пред претседателските избори на 5 ноември, кога Трамп, републикански кандидат, ќе се обиде да ја врати Белата куќа од демократскиот претседател Џо Бајден.
Трамп веднаш го осуди судењето како „наместено“ и „срамота“ и рече дека е „многу невин“ и дека „вистинската пресуда“ ќе биде донесена на американските претседателски избори во ноември, каде кандидат ќе биде на републиканците.
„Вистинската пресуда ќе биде на 5 ноември, а ќе ја донесе американскиот народ“, рече тој во изјава во ходникот на судот во Њујорк, откако беше прогласен за виновен по сите точки од обвинението – дури 34.
Трамп е првиот поранешен претседател на САД кој е прогласен за виновен во кривична постапка.
Тој ќе биде републикански претседателски кандидат на претстојните претседателски избори во ноември, а негов ривал е актуелниот претседател, демократот Џозеф Бајден.
Шефот на Републиканската партија на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Мајк Џонсон, го осуди „денот на срамот и американската историја“ како одговор на фактот дека Доналд Трамп беше прогласен за виновен пред судот во Њујорк.
„Денес е ден на срам за американската историја“, рече Џонсон, додавајќи дека тоа е „чисто политичка, а не правна постапка“ и дека обвинувањата се „смешни“.
Од изборната кампања на претседателот Џо Бајден беше објавено дека „никој не е над законот“.