Поранешниот албански премиер Фатос Нано почина денес на 73-годишна возраст, објавија албанските медиуми.
Медиумите јавуваат дека Нано бил на интензивна нега во една од приватните болници во Албанија, додека неговата здравствена состојба нагло се влошила во последните денови.
Нано доживеал срцев удар и претходно бил лекуван од проблеми со дишењето.
 
		